Промени тема
Контакт

Нов ден, нов вандализам: Малолетници снимени како ги уништуваат спортските игралишта во училиште во Виница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
policija-policaec-35

Управата на ООУ „Гоце Делчев“ во Виница соопшти дека спортските игралишта во училиштето биле мета на вандализам, а сторителите се малолетни лица кои, како што наведуваат, се јасно снимени од системот за видеонадзор.

Од училиштето информираат дека е формирана комисија која ќе ја процени причинетата штета, по што случајот ќе биде процесуиран.

— реклама —

„Сторителите се комплетно и јасно снимени од сите агли на видео надзорот. Доколку се утврди штета, сите видео материјали и докази ќе бидат предадени во полицијата, а снимките ќе бидат јавно објавени на нашата Фејсбук-страница“, соопштуваат од училиштето.

Воедно, најавуваат дека од родителите на малолетните лица ќе биде побарано целосно да ги подмират трошоците за поправка и санација на штетата.

Од училиштето упатија апел до родителите да обрнат поголемо внимание на однесувањето на своите деца, нагласувајќи дека спортските игралишта се изградени за спорт, рекреација и дружење, а не за уништување.

— реклама —

„Нема да дозволиме неодговорни поединци да го уништуваат она што се гради со мака и труд за доброто на сите“, порачуваат од управата на ООУ „Гоце Делчев“ во Виница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library256jl4duf8j27JItQRP

Вандализирани 45 столбови за зимска маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв, штетата е најмалку 8.000 евра

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarytltk8vkr8lfp8EL652W

(Фото) Вандализам во струшко: Искршени надгробни споменици на гробиштата во Боровец

Македонија | пред 1 месец

media-library8lg19o79131j0QLBi6S

(Видео) Вандали го оштетија КУД „Српски вез“, Стоилковиќ: Сквернавењето со натписите „УЧК“ најстрого да се санкционира

Македонија | пред 1 месец

media-librarygl6r1s4o2pdhbkDugU3

(Видео) Вандализирано реновирано место кај Домот Лакочере во Охрид

Настани | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања