Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Нов дипломатски циклус: САД посредуваат меѓу Украина и Русија во потрага по мировен договор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
c8c0395d-fc13-4585-9165-dfae2cd4763a

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, во изминатите два дена во Мајами оствари низа разговори со украинскиот секретар на Советот за национална безбедност, Рустем Умеров – разговори што двете страни ги оценија како „конструктивни“ и насочени кон изнаоѓање пат до „траен и праведен мир“ во Украина. На средбите присуствуваа и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, како и началникот на украинскиот Генералштаб, генерал Андриј Хнатов. Продолжението на разговорите беше најавено за денес.

— реклама —

Според заедничката изјава на Умеров и американскиот Стејт департмент, Украина останува при својот приоритет – мировен договор што ќе ја гарантира независноста, суверенитетот и безбедноста на украинските граѓани, како и темел за стабилна демократска иднина. На средбата се дискутирало и за исходите од петчасовниот состанок што Виткоф и Кушнер неодамна го имаа со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, но без приближување кон конкретен компромис.

— реклама —

Американските и украинските претставници, меѓу другото, постигнале рамковен договор за безбедносни мерки и размениле ставови за капацитетите што би обезбедиле траен мир. Конкретни детали не се откриваат, но во заедничката порака се истакнува дека секое вистинско придвижување кон договор зависи од подготвеноста на Русија да покаже сериозна волја за деескалација и запирање на воените дејства.

— реклама —

Разговорите опфатија и теми поврзани со обновата на Украина, можните заеднички економски иницијативи и долгорочните проекти за опоравување по војната. Американски претставник за Ројтерс изјави дека досегашните средби во Мајами биле „продуктивни“ и дека има „напредок“.

— реклама —

Од руска страна, советникот на Путин за надворешна политика, Јуриј Ушаков, посочи дека разговорите меѓу претседателот и американската делегација биле „навистина пријателски“ и дека е воспоставено ниво на разбирање. Путин самиот ги опиша како „многу корисни“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 8 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 16 часа

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Дмитриев: Зеленски отсекогаш бил против Трамп и мировните иницијативи

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања