Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Нов директор на „Лазо Ангеловски“: Претходниот предизвика бурни реакции и нанесе штета

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
mucunski-222

ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче денеска конечно доби нов в.д. директор со што дојде до престанок на мандатот на претходниот.

„И покрај тоа што претходниот директор беше повторно предложен да раководи со најголемото училиште во Аеродром, од етички и морални причини градоначалникот Тимчо Муцунски одби да го именува на таа функција со цел заштита и одржување на угледот на училиштето, на наставниот кадар и на самите ученици.

— реклама —

За претходниот директор на ООУ „Лазо Ангеловски“ имаше бројни поплаки. Тој со своето однесување предизвика бурни реакции во јавноста и нанесе голема штета на училиштето во кое со децении наназад работат врвни професионалци.

— реклама —

Градоначалникот Муцунски уште од првиот ден се заложи и цврсто останува на неговото ветување дека Општина Аеродром ќе ја врати довербата и позитивната слика за сите институции кои се под нејзина надлежност. За сега, на чело на училиштето и како вршител на должноста директор ќе застане Магдалена Петревска.

— реклама —

Децата се нашата иднина, а одговорноста е на сите нас да им обезбедиме безгрижно детство и најдобри услови за нивен правилен раст, развој и квалитетно образование водено и спроведено од професионален и посветен кадар!“, велат од Општина Аеродром

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања