Зоран Трајчевски продолжува да раководи со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и во наредните пет години.
Оваа одлука ја донесе Советот на Агенцијата, каде Трајчевски ја доби довербата за нов мандат.
Трајчевски, како што стои на сајтот на Агенцијата е на функцијата директор на ААВМУ од 2014 година.
Трајчевски пред да биде директор на ААВМУ, бил на чело на Агенцијата за електронски комуникации.
Магистер е по машински науки и енергетска ефикасност и магистер по економски науки.