Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Нов обид на Заев за деблокада на Собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sobranie-1

Премиерот Зоран Заев по разговорите со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоси, денеска има средба со претставници на Алијансата за Албанците и Алтернатива.

— реклама —

Средбата е на барања на Алијанса и Алтернатива, а на неа ќе присуствуваат и министрите за внатрешни работи и за правда, а поканети се и координаторите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и БЕСА.

– Нека дојде и Левица ако мислат дека треба да бидат присутни. Јас ќе бидам присутен со министерот за внатрешни работи и за правда за да изнајдеме решение се со цел власта да покаже доблест и разбирање за сите барања на опозицијата кои се разумни и рационални, изјави Заев во понеделникот.

— реклама —

Премиерот вчера повтори дека во Владата постои волја да се најде решение за Предлог-законот за државјанство, предложен од Алијанса на Албанците и Алтернатива, кое ќе се базира на европските практики.

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши вчера на заедничка прес-конференција со првиот човек на Алијансата за Албанците, Зијадин Села изјави дека до тој момент не добиле покана за средбата што ја најави премиерот.

– До денеска ниту јас, ниту Села не сме добиле покана од Заев за средбата. Се најавуваше, има конткати со нашиот кординатор, но не се знае точно во каков формат би се одржала и за што би се разговарало. Но, јасно е дека досега немаме покана за таква средба, рече Гаши, додавајќи дека ако добијат покана подготвени се да седнат и да разговараат.

Меѓутоа, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари најави дека е можно оваа партија да не присуствува на средбата што ја најави премиерот Заев.

Од друга страна, лидерот на Левица, Димитар Апасиев изјави дека доколку добијат покана за учество на средбата, ќе ја прифатат под услов таа да се одржи во Собранието. Според него, институциите се тие каде што треба да се решаваат политичките кризи, а не како што беше досега шетање по викендици и вили.

Претседателот Стево Пендаровски вчера по седницата на Советот за безбедност изјави дека очекува на средбата да биде постигнат компромис.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања