Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

(Фото) Нов случај на несовесно одлагање мебел во Аеродром, Митески најави реакција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Скопје
media-libraryo49r79nrg16a806ecoG

Оставање стар мебел покрај контејнерите и создавање диви депонии е проблем на кој мора да му се стави крај, порача градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

— реклама —

Преку објава на социјалните мрежи, Митески информира дека е регистриран случај на оставање стар мебел на само неколку метри од контејнерите, со што се создава нова дива депонија.

Според него, инспекциските служби веќе постапуваат по случајот, а градоначалникот упати благодарност до совесните граѓани кои реагирале и го пријавиле несоодветното одлагање на отпадот.

— реклама —

Митески ги повика жителите на општината да пријавуваат вакви појави до Општина Аеродром, по можност со фотографија и точна локација, за надлежните служби да можат навремено да реагираат.

— реклама —

„Ние ќе го исчистиме и ова. Но, оние што создаваат диви депонии мора да понесат одговорност!“, порача Митески.

Тој нагласи дека одржувањето на чиста животна средина бара заедничка одговорност и апелираше до граѓаните да не остануваат неми сведоци кога се создаваат диви депонии и се загадува просторот во кој живеат.

„Чист Аеродром е заедничка одговорност“, истакна градоначалникот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryir8ljova7i156nQY0Ip

(Видео) Цел камион со градежен шут требало да се истури на дива депонија во Ново Лисиче: градоначалникот доби повик преку телефонот на возачот откако пријави во полиција

Скопје | пред 5 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања