Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

(Видео) Цел камион со градежен шут требало да се истури на дива депонија во Ново Лисиче: градоначалникот доби повик преку телефонот на возачот откако пријави во полиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-libraryir8ljova7i156nQY0Ip

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, информира дека денеска бил спречен обид за нелегално истурање градежен шут на дива депонија во Долно Лисиче.

Според него, инцидентот се случил во време кога граѓани, институции и волонтери се вклучени во акцијата „Генералка викенд“ за почиста животна средина.

— реклама —

„Додека граѓаните, институциите и волонтерите се обединуваат во рамки на ‘Генералка викенд’ за почиста околина, денес спречив обид за нелегално истурање градежен шут на дива депонија во Долно Лисиче“, објави Митески.

— реклама —

Тој оцени дека ваквото однесување е неодговорно и несовесно и треба јавно да се осуди.

„Ваквото неодговорно и несовесно однесување мора јавно да се осуди, особено во денови кога сите заедно се бориме за почиста и поздрава животна средина“, додава градоначалникот.

— реклама —

Случајот, како што посочи, веднаш бил пријавен во полиција и до комуналните служби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања