Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Нов трансфер за Украина: ЕУ ќе се задолжи, а заемот да се враќа од руската воена отштета

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 28 минути -

Свет
media-libraryoa5erbmlc0f318TAU6m
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Лидерите на Европската унија на самитот оваа недела разговараат за предлогот на Европската комисија за нов заем од 45 милијарди евра за Украина, со кој треба да се покрие растечкиот буџетски дефицит на земјата предизвикан од војната.

— реклама —

Според проценките на Брисел, Украина во 2027 година ќе се соочи со буџетски недостиг од околу 70 милијарди евра. Средствата треба да помогнат во покривањето на овој недостиг, зајакнувањето на одбранбените капацитети и одржувањето на основните јавни услуги.

— реклама —

Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, Европската унија и нејзините земји членки ѝ обезбедиле на Украина помош во вкупна вредност од речиси 245,5 милијарди евра, објави „Еуроњуз“.

Новиот заем би бил обезбеден преку задолжување на финансиските пазари, при што гаранција ќе претставува буџетскиот простор на ЕУ. Долгот би се водел во билансот на Европската унија, а не во билансите на поединечните земји членки.

— реклама —

Предлогот предвидува Украина да го врати заемот откако ќе добие воена отштета од Русија. Воедно, ЕУ би го задржала правото наплатата да ја побара од замрзнатиот руски имот, односно од приходите што ги создава тој имот, како што се каматите.

— реклама —

Според податоците на Европскиот парламент, од 2022 година во ЕУ се замрзнати околу 210 милијарди евра од имотот на руската централна банка, како и десетици милијарди евра приватен руски имот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarykm9th01d7d1vegx3ZEp

ЕУ го предупредува Трамп: Царините за европските стоки не смеат да надминат 15 отсто

Свет | пред 40 минути

— реклама —
EU-1

Лидерите на Западен Балкан денеска во Брисел на средба со Коста и фон дер Лајен – во фокус европската интеграција и безбедноста

Свет | пред 1 ден

media-librarymde6bdqj4fco6MAD3du

ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година

Свет | пред 2 дена

media-library99m7hee7s5e17Vc578F

Кошта предлага кратење од 204 милијарди евра во буџетот на ЕУ, Франција веднаш се спротивстави

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања