„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Нова алатка која ви нуди да го вратите хакираниот профил на Инстаграм

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
insta

Instagram нуди нови безбедносни алатки кои вклучуваат центар каде што корисниците можат да пријават и да ги решат проблемите при пристап до нивните профили.

— реклама —

Новите алатки би можеле да бидат особено корисни за оние кои мака мачат за да го вратат пристапот до профилот.

Ако корисникот не може да се најави, треба да го посети центарот на веб-страницата на Instagram. Потоа треба да одговори дали проблемот е поврзан со хакиран профил, заборавена лозинка, имитирање, блокирање на профилот и слично.

— реклама —

Еден од методите што корисникот може да го користи за да го потврди својот профил е да побара од пријатели потврда на идентитетот.

Доколку пристапот до профилот е оневозможен, корисникот може да го потврди идентитет со помош на своите пријатели. Instagram започна со тестирање на оваа функција на почетокот нa годинаta, а сега е достапна за сите. Пријателите на корисникот имаат 24 часа да одговорат на неговото барање. Ако го сторат тоа, Instagram ќе му дозволи на корисникот да ја ресетира лозинката.

Во меѓувреме, воведени се дополнителни мерки за спречување на хакирање на профилот. Во тек е отстранување на профилите кои системот ги препознава како злонамерни. Новиот тест вклучува испраќање предупредувања до корисниците.

Дополнително, корисниците ќе видат сина ознака за проверка на проверени профили на повеќе места. Покрај профилите, ознаката ќе се појавува и на Stories и во директните пораки.

Од Instagram тврдат дека ова ќе им помогне на корисниците да знаат дали имаат интеракција со проверени профили.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Threads5

Ако го избришете вашиот профил на Threads, ќе ја избришете и профилот на Instagram

Магазин | пред 2 години

instagam-phone

„Инстаграм“ се врати по 9 часа

Магазин | пред 3 години

insta

Инстаграм повторно падна, корисниците известуваат дека нивните сметки се суспендирани

Магазин | пред 3 години

instagam-phone

Наскоро ќе можете да закажувате објави и reels во апликацијата Instagram

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања