Новина од УЈП, за да знаеме колку данок треба да платиме по новиот закон секој од нас ќе треба да ангажира свој сметководител
Уште една давачка за македонските граѓани од наредната година.
За да успеат даночните обврзници да се снајдат со новите даночни стапки по различни основи, по новиот закон кој треба да стапи на сила од први јануари 2019, граѓаните најверојатно ќе им треба да си ангажираат лични сметководители за да не заталкаат во даночните лавиринти. Во синоќешното издание на “Економски магазин“ на Алсат м телевизија, директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска објаснувајќи дел од новиот закон на прашање на водителот, дали секој кој што има дополнителни приходи од редовната плата и редовната пензија, би требало секој да има свој сметководител за да може да си ги води сметките за да знае колку данок ќе треба да плати, директорката Лукаревска одговори дека таа е праксата во сите европски земји, секој си има свој сметководител.
– Во сите европски земји така е најчесто, праксата е таа. Секое физчко лице си има свој сметководител. Меџутоа мислам дека нашите сограѓани навистина се доста едуцирани и дел од нив и сами знаат да ги спроведуваат овие смедководствени работи, рече Сања Лукаревска.