Нова дипломатска бура: Мигрантски камп или медиумска манипулација? „Тајмс“ одново ја пласираше приказната за мигрантите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryid60lfrn5liqctq3mkY

Владата на Македонија денеска се најде во фокусот на британските медиуми, откако „Тајмс“ објави дека Лондон започнал формални разговори со Скопје за воспоставување „центар за враќање“ на одбиени баратели на азил. Според пишувањата, Македонија и Косово биле двете балкански земји кои наводно разгледувале ваква шема, при што Велика Британија би плаќала за секој мигрант што ќе го прифати.

— реклама —

Реакцијата од институциите во Скопје пристигна брзо: Владата категорично ги негира тврдењата.

„Ова е напис за внатрешно-политичка употреба во Британија. Единствената вистина е онаа што британскиот амбасадор Метју Лосон јавно ја кажа во мај – Македонија нема да прифаќа мигранти“, изјави портпаролката на Владата Марија Митева.

— реклама —

Британската амбасада: Соработка има – но не објаснуваме за што точно

Британската амбасада во Скопје се огласи со дипломатски внимателен твит. Иако не ги спомна објавите на британските медиуми ниту ги демантира конкретните детали, амбасадата нагласи:

  • дека Македонија и Британија воспоставиле „стратешко партнерство“ по средбата Стармер–Мицкоски во мај,

  • дека соработката опфаќа безбедност, економија и критична инфраструктура,

  • и дека двете земји преку Заедничката единица за миграција работат „против нерегуларната миграција и миграцискиот криминал“.

„Велика Британија силно стои со својот македонски сојузник од НАТО“, соопшти амбасадата, избегнувајќи да даде директен одговор дали се водат разговори за прифаќање мигранти.

ВМРО-ДПМНЕ: Нема, не планираме и не преговараме за мигрантски кампови

Владејачката партија обвини дека СДСМ шири паника и „фантазии“, базирајќи ги своите тврдења на новинарски текстови од Британија.

„Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови“, порача ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека обвинувањата се „уште една лага од фабриката на СДСМ“.

Од партијата додаваат дека безбедноста на државата е стабилна и дека Владата не дозволува „хорор-сценарија“ што, како што велат, опозицијата се обидува да ги пласира.

СДСМ: Мицкоски ја продава државата за ситни пари

Од опозицијата тврдат дека Владата подготвува шема со која Македонија би станала „мигрантски логор“ за британски средства. СДСМ обвини дека Мицкоски „ја продава државата“ и дека договорот со Лондон е „опасен, таен и понижувачки“.

Што кажа амбасадорот Лосон уште во мај?

На заедничката прес-конференција со премиерот Мицкоски во мај, британскиот амбасадор Метју Лосон беше дециден:

„Не се работи за тоа дека ќе се прифаќаат мигранти од Британија. Станува збор за полициска соработка, борба против криминални мрежи и споделување разузнавачки податоци.“

Лосон тогаш ги оцени шпекулациите како „невистинити“ и појасни дека Договорот за стратешко партнерство има економски и безбедносен карактер, а не миграциски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања