Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Нова ескалација меѓу Иран и САД: Техеран се заканува со напади врз американски воени бродови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
Voeni-brodovi
Илустрација

Иранската влада жестоко ги осуди американските напади врз ирански комерцијални бродови, оценувајќи дека станува збор за „воено злосторство“, додека иранските власти предупредија дека ќе следува уште посилен одговор доколку Вашингтон продолжи со поморската блокада.

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека нападите врз иранските комерцијални бродови претставуваат продолжение на, како што го нарекува Техеран, американската воена агресија и поширока поморска блокада и економска војна против Иран.

— реклама —

Од Техеран тврдат дека со нападите САД ја прекршуваат Повелбата на Обединетите нации и претставуваат закана за меѓународниот мир, безбедноста и слободата на трговската пловидба.

— реклама —

Претходно вчера бил нападнат ирански танкер во близина на островот Харг, при што избувнал пожар. Потоа американската војска гаѓала уште два ирански танкери во близина на јужниот ирански град Јаск.

Иранскиот Генералштаб на здружените вооружени сили предупреди дека доколку САД продолжат со поморската блокада и, како што наведуваат, „малтретирањето на иранските бродови“, Иран ќе изврши уште посилни одмазднички напади. Од Техеран не ја исклучуваат ниту можноста нападите да бидат проширени и врз американски воени бродови.

— реклама —

Од друга страна, американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет порача дека Вашингтон ќе одговори со уништување на иранските нафтени танкери доколку Иран нападне американски бродови.

„Едноставно е – ако Иран пука врз американски бродови, ќе ги уништиме и потопиме нивните нафтени танкери“, изјави Хегсет, додавајќи дека Иран, според него, нема соодветни поморски и воздушни капацитети за спротивставување на американската морнарица.

Размената на закани дополнително ги зголемува тензиите меѓу Вашингтон и Техеран и отвора ризик од натамошна ескалација во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Трамп нема да го нападне Иран пред меѓуизборите во САД, тврдат од Белата куќа

Свет | пред 2 дена

media-librarylnn94vbrd07l4j71V0b

Иран тврди дека два танкера се запалиле по удар во мина во Ормускиот Теснец

Свет | пред 3 дена

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Руски дизел ќе пристигне во САД за 15 до 20 дена по потпишувањето на договорите

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања