Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Нова ескалација меѓу Киев и Москва: Зеленски најави затворање на руското небо, Путин се закани со одговор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS
screenshot youtube

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот воздушен простор „де факто ќе биде затворен“ поради зголемениот ризик од украински беспилотни летала и ги повика авиокомпаниите и осигурителните компании да ги земат предвид ризиците.

— реклама —

„Украина не ја загрозува цивилната авијација, но превозниците што летаат до Москва, Санкт Петербург или други големи центри мора да го земат предвид ризикот од беспилотни летала. Руското небо де факто ќе биде затворено“, изјави Зеленски.

— реклама —

Рускиот претседател Владимир Путин ја оцени изјавата како директна најава за државен тероризам и најави остар воен одговор доколку Киев ги реализира најавените закани.

Путин порача дека руските вооружени сили добиле инструкции да подготват и да започнат масовни напади врз украинските енергетски објекти.

— реклама —

Во меѓувреме, Киев повика на „решителна стратегија“ за справување со руските закани во Европа. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, порача дека Европската Унија ќе остане обединета и дека хибридните напади „нема да останат без јасен одговор“.

Во услови на зголемени тензии, продолжија и меѓусебните напади меѓу Киев и Москва, при што Русија ги интензивираше воздушните напади врз цели во Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysnmaa1rl2hgg7Xijxf1

(Видео) Три лица загинаа, а 17 се повредени во украински напад со дронови врз Русија

Свет | пред 2 дена

— реклама —
Screenshot-2025-02-10-at-08.55.43

Маск обвини дека Украина го користела „Старлинк“ за напади со дронови: „Го блокиравме тоа минатата недела“

Свет | пред 3 дена

media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Што ќе се случи ако Трамп ја прекине воената поддршка за Украина?

Свет | пред 4 дена

media-library0k59l1bbd0kf0Z0SkRg

(Видео) Украински дронови нападнаа хемиска фабрика во Русија, избувна голем пожар

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања