Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Нова градинка во Маџир Маало, ветува Герасимовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
WhatsApp-Image-2021-10-09-at-20.58.45

Нова детска градинка, реконструкција на улици, ново шеталиште, парк се дел од проектите кои вечерва ги најави Горан Герасимовски кандидат за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата на маалската средба со граѓаните од Маџир Маало. Герасимовски го придружуваа носителката на листа Андријана Будимир Филиповски и кандидатот за советник Мартин Попов.

„Во Маџир Маало ќе изградиме нова детска градинка која верувам дека на многу наши граѓани ќе им помогне во згрижувањето деца. Објектот треба да биде завршен до јуни 2024 година. Овде ќе ги реконструираме и улиците „Вардарска“, „Тетовска“ и „Маџир Маало“. Ќе изведеме шеталиште Кеј 13 Ноември со парк, детско игралиште и парковско зеленило. Исто така ќе ја завршиме изградбата на новата мрежа за парно греење на цела населба. Ќе го зазелениме и разубавиме Маџир Маало“, рече Герасимовски пред граѓаните.

— реклама —

Герасимовски рече дека претходно се работело на реконструкција на ул. „Светиниколска“, ул. „Ѓуро Ѓоновиќ“ со изградба на фекална, атмосферска и водоводна канализација, фекална канализација се извела и на ул. „Титовелеска“ и ул. „Петричка“ која се проширила со нови тротоари и лед осветлување. Герасимовски рече дека на овој реон било поставено и детско игралиште.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања