Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Нова измама на „Амазон“: Ако ви пристигне пакет што не сте го нарачале – бидете внимателни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
media-libraryl8ngj9tksblccbzOTZr

На популарната интернет-платформа за купување „Амазон“ се појави нов вид измама, при која нечесни продавачи користат туѓи имиња и адреси за да отвораат лажни кориснички профили и да манипулираат со оценките на производите.

— реклама —

Според информациите објавени во германскиот магазин „Феникс“, измамниците преку таквите профили нарачуваат сопствени производи и потоа испраќаат евтина стока – како маски за мобилни телефони или мали предмети за домаќинство – на вистински адреси на луѓе кои воопшто не направиле нарачка.

По испораката, продавачите самите си оставаат рецензии со пет ѕвезди, кои се прикажуваат како „потврдени купувања“, со што вештачки го зголемуваат рејтингот на производите и ја подобруваат нивната видливост во пребарувањата.

— реклама —

Сепак, најголемиот проблем не е самиот пакет, туку фактот дека измамниците располагаат со лични податоци на примателите. Таквите информации често потекнуваат од протекување на податоци, хакерски напади или нелегална продажба на податоци на таканаречениот „дарк веб“.

Во одредени случаи постои и ризик од кражба на идентитет или злоупотреба на други лични информации.

Доколку примите пакет што не сте го нарачале, од „Амазон“ советуваат најпрво да проверите дали можеби станува збор за подарок од познаник или член на семејството. Ако не е така, случајот треба да се пријави преку официјалните страници за поддршка на компанијата, а производот не е потребно да се враќа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

https___s3-ap-northeast-1.amazonaws.com_psh-ex-ftnikkei-3937bb4_images_4_1_8_4_20464814-1-eng-GB_RTS2EAMZ

Amazon со рекорден профит, но и масовни отпуштања: „Сакаме да работиме како најголемиот стартап во светот“

Магазин | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања