Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Нова размена на навреди меѓу Трамп и Мелони: „Потребна е забрана за приближување“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryufh448gulq68eZeCEhC
screenshot X

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја нападна италијанската премиерка Џорџа Мелони, објавувајќи нејзина фотографија на социјалните мрежи со коментар дека за неа е „потребна забрана за приближување“.

— реклама —

Новиот напад следува по нивната средба на самитот на Г7, одржан во јуни, во францускиот град Евијан. Тогаш двајцата беа фотографирани во разговор, а Трамп подоцна, во интервју за италијанската телевизија „Ла 7“, изјави дека Мелони го молела да се фотографира со неа.

— реклама —

„Ме молеше да се фотографирам со неа, ми беше жал. Веројатно беше среќна што разговарав со неа“, рече тогаш Трамп, предизвикувајќи остри реакции во Италија.

На неговите изјави тогаш одговори и Мелони, оценувајќи дека станува збор за бесмислени и неиспровоцирани напади. Таа додаде дека нејзиното пријателство со Трамп сигурно не придонело за нејзината популарност во Италија.

— реклама —

По најновата објава на американскиот претседател, прв реагираше лидерот на италијанската партија „Ационе“, Карло Календа.

„Трамп е подол и ситен насилник. Целосна солидарност со премиерката“, напиша Календа на социјалните мрежи, пренесува италијанската агенција АНСА.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryteu6j0ffbemj5i0APju

Трамп: Нема да ја претворам прес-салата во базен, никогаш не би ми паднала на памет таква глупост

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-librarydkqt4vft97l19PBbnyQ

Меланија Трамп договорила прекин на огнот меѓу Русија и Украина – Белата куќа ги објави деталите

Свет | пред 1 ден

media-libraryagnb1p2qks9i2dahmpI

Трамп: „Мислам дека имам право повторно да се кандидирам, бидејќи ме измамија“

Свет | пред 1 ден

Screenshot-2025-01-13-at-17.34.00

Трамп тврди дека Маск ги укинал ограничувањата, украинските дронови и натаму губат врска

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања