„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Нова револуционери протести во Скопје од понеделник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
65220338_167493447619592_7246869791368019968_o

Поради неконтролираното труење на бездомните кучиња во целата држава, здружението „Шепасти ентузијасти“ од следниот понеделник до петок, ќе организира протести во Скопје. Протестите го носат слоганот „Шепаста револуција“.

— реклама —

„Бидејќи нема никаква реакција од надлежните, повикуваме на револуција, која нема да вклучува насилство, туку силно ќе покаже дека навистина ни е преку глава да ја гледаме агонијата на бездомните животни! Рута: Собрание, Рекорд, ЈП „Комунална хигиена“, секој работен ден од 17 до 20 часот. Сите облечени во црно и со црвена боја во раката. Можеме ли заедно да го направиме ова?“, пишуваат организаторите.

Тие велат дека нивна должност е да се борат за судбината на бездомните животни. Реакција за убиствата на животните имаа и од здружението за заштита на животните „Анима мунди“.

— реклама —

„Ова е секојдневната реалност со која се соочуваме, слика што не може да се избегне околу нас на секој чекор - живи животни што се тетерават, паѓаат, повраќаат и се борат за последен здив; умираат пред очите на граѓаните, пред очите на децата. Бараме итно најстрога законска забрана за слободна продажба на високотоксични материи кои секојдневно се купуваат и злоупотребуваат, а кои може да бидат погубни за секого. Бараме контроли во сите земјоделски аптеки, на сите пазари, каде што смртоносни супстанции се продаваат евтино и под рака. Бараме да се фати трујач и да одговара. Посочуваме - отровите се поставуваат во близина на маркети, детски игралишта и паркови, влезови, кафулиња и ресторани, повеќето со безбедносни камери што би послужиле како доказен материјал за пронаоѓање на сторителот, но секако ако сакаме тој да биде пронајден“, велат од „Анима мунди“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања