„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Нова тактика за кражба на Facebook лозинки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Facebook-234567

Истражувачи од Trustwave предупредуваат на нов начин на компјутерска измама или фишинг кампања во која на жртвите им се испраќа имејл со линк до објава на Facebook.

— реклама —

Хакерскиот напад започнува со е-пошта испратена до потенцијалната жртва, со порака дека има прекршување на авторските права во една од нејзините објави на Facebook. Корисникот е предупреден дека неговиот Facebook профил ќе биде избришан во рок од 48 часа доколку не поднесе жалба.

Со цел напаѓачот да ги избегне безбедносните решенија за е-пошта и да стигне до потенцијални жртви, линкот во е-поштата не води до надворешна страница за фишинг, како што обично се случува при напади од овој тип, туку до Facebook.com или страница претставена како „Страница за поддршка“.

— реклама —

За работите да изгледаат поверодостојни, искористено е логото на Facebook и употребен е линк до надворешна фишинг страница наречена Meta, компанијата што е сопственик на Facebook.

Фишинг сајтот е направен да изгледа како вистинска страница за жалби за авторски права на Facebook, со формулар што жртвата треба да го пополни со информации како име и презиме, адреса на е-пошта, телефонски број и корисничко име на Facebook.

Исто така, страницата доаѓа до IP адресите на жртвите, но и за информации за геолокацијата, кои потоа ги ексфилтрира на Telegram профил, контролиран од хакерот.

Жртвата потоа се пренасочува на следната фишинг страница каде што се бара да внесе шестцифрена шифра (OTP). Што и да внесе жртвата, резултатот ќе биде порака за грешка. На жртвата ѝ преостанува да кликне на линкот на страницата за да избере друг метод за автентикација. Доколку го стори тоа, ќе биде пренасочена на страницата на Facebook.

Напаѓачите користат Google Analytics на фишинг страници за да ја следат ефективноста на нивната кампања.

Trustwave има откриено бројни Facebook профили со лажни објави кои се претставуваат како страници за поддршка, а кои всушност ги водат жртвите до страници за фишинг. Во објавите се користат скратени линкови до страниците за фишинг за да останат нападите скриени од Facebook, со цел да се спречи нивно отстранување од платформата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

facebook-instagram

Марк Цукерберг призна каде згрешил со Фејсбук и Инстаграм

Магазин | пред 3 години

Facebook-234567

Фејсбук конечно добива „вистинска“ поддршка за корисници

Магазин | пред 3 години

Facebook-234567

Фејсбук се огласи по вчерашните проблеми

Магазин | пред 3 години

Facebook-234567

Фејсбук станува мрежа за пензионери, има се помалку млади корисници

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања