Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Нова забрана за Кање Вест? Француските власти размислуваат за забрана на неговиот концерт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

Магазин
kanje-vest

Министерот за внатрешни работи на Франција Лоран Нунез им наложи на своите служби да ја испитаат можноста за забрана на концертот на американскиот рапер Кање Вест, закажан за 11 јуни 2026 година во Марсеј.

Оваа најава доаѓа откако најавата за концертот на Кање Вест на стадионот „Велодром“ во Марсеј предизвика огорченост кај повеќе политички личности, поради неговите контроверзни и антисемитски изјави во изминатите години.

— реклама —

Организацијата на еврејската заедница во Франција (CRIF) во Марсеј, чија почесна претседателка е Фабијан Бендајан, исто така ги повика организаторите на концертот да се откажат од настапот на американскиот рапер.

— реклама —

Една од последните контроверзии поврзани со раперот датира од мај 2025 година, кога на денот на 80-годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна, Кање Вест објави песна со наслов „Хајл Хитлер“.

— реклама —

Во таа песна, раперот, кој уште во декември 2023 година изјави дека „ги сака нацистите“, се поистоветува со Адолф Хитлер.

„Жалам за своите постапки“, изјави Кање Вест неколку месеци подоцна, тврдејќи дека не е „ниту нацист ниту антисемит“ и наведувајќи дека неговото однесување е последица на биполарно растројство.

Поради овие негови ставови, му беше забранет и влез во Велика Британија, каде што требаше да учествува на музички фестивал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

adidas_98789-678x381-1

„Адидас“ го прекинува партнерството со Кање Вест

Магазин | пред 3 години

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања