Нова жртва тврди: Епштајн ме испрати во Велика Британија за сексуален однос со принцот Ендру

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-librarydmgn8ft3ttjl0IQ9EoZ

Уште една жена тврди дека била испратена од Џефри Епштајн во Обединетото Кралство со цел да има сексуален однос со Принц Ендру, откри нејзиниот адвокат за британските медиуми. Наводниот настан, според тврдењата, се случил во 2010 година во „Ројал Лоџ“, резиденцијата на поранешниот британски принц, кога жената, која не е британска државјанка, била во своите дваесетти години.

— реклама —

Според изјавата на адвокатот Бред Едвардс од адвокатската канцеларија „Едвардс Хендерсон“, ова е првпат некоја од жртвите на Епштајн да наведе дека сексуален однос се случил во рамки на кралска резиденција.

Тој тврди дека по ноќта помината со принцот Ендру, на жената ѝ била организирана и тура низ Бакингемската палата, пренесува BBC.

— реклама —

Од Бакингемската палата засега не ја потврдиле ваквата посета, наведувајќи дека без откривање на идентитетот на жената не може да се проверат евиденциите за посетители. Од кабинетот на принцот Ендру не беше доставен одговор на барањето за коментар на обвинувањата.

Адвокатот Едвардс, кој застапувал повеќе од 200 жртви на Епштајн ширум светот, претходно ја застапуваше и Вирџинија Џуфре. Таа тврдеше дека во 2001 година, на 17-годишна возраст, била донесена во Лондон за да има сексуален однос со тогашниот принц, како и дека подоцна била принудена на уште два сексуални односи со него – во Њујорк и на приватен остров на Епштајн на Карибите. Принцот Ендру ги негираше сите обвинувања.

Едвардс наведува дека пред наводната средба во 2010 година постоела комуникација меѓу неговата клиентка и поранешниот принц, по што, како што тврди жената, таа преноќила во неговиот дом. Тој додава дека бил во контакт со правни застапници на Ендру во САД, но дека комуникацијата престанала откако Крал Чарлс Трети формално му ги одзел титулите, стилот и кралските почести.

Одземањето на титулите, според адвокатот, имало спротивен ефект, бидејќи на поранешниот принц му овозможило да тврди дека нема финансиски средства за исплата на отштета. „Со тоа, на овие жени им се дозволува само да страдаат“, изјави Едвардс, критикувајќи го однесувањето на кралското семејство.

Би-Би-Си во своја истрага утврди дека Епштајн преку комерцијални летови и приватни авиони пренесувал повеќе жени во Обединетото Кралство. Од Бакингемската палата во октомври соопштија дека „нивните величества изразуваат најдлабоко сочувство и поддршка за сите жртви и преживеани од каква било форма на злоупотреба“.

Адвокатот најави дека разгледува можност за поднесување нова граѓанска тужба против принцот Ендру во име на жената. Потсетува дека Вирџинија Џуфре во 2021 година поднесе тужба против него во САД, која беше завршена со вонсудска спогодба во февруари 2022 година, проценета на околу 12 милиони евра. Џуфре минатата година изврши самоубиство, додека принцот Ендру и понатаму ги негира сите обвинувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања