„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Новак Ѓоковиќ по тренингот со Алкарас: „Чест ми е што ме избра за спаринг-партнер“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Спорт
IMG_0656

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас одиграа тренинг-меч на Вимблдон кој заврши без победник – 5:5 без ниту еден брејк – по што беше прекинат поради временско ограничување. По натпреварот, српскиот тенисер даде изјава за Вимблдонската телевизија, пренесена од „Експрес“.

— реклама —

„Не можам да бидам посреќен. Карлос, како бранител на титулата, има право да избере со кого ќе тренира. Овојпат ме избра мене и тоа ми е навистина голема чест. Привилегија е да се тренира на ваков терен. Сè е совршено, а дури се чувствувате лошо што играте на ваква, недопрена трева“, рече Ѓоковиќ.

Српскиот ас дебитираше на Вимблдон во 2005 година и досега има освоено седум титули. Во последните две финалиња, беше поразен токму од Алкарас.

— реклама —

„Терените се исти, но топчињата се поспори отколку тогаш. Затоа е исклучително тешко да се помине играч како Карлос кога излегува на мрежа“, додаде тој.

Ѓоковиќ го коментираше и финалето на Ролан Гарос, во кое Алкарас го совлада Јаник Синер, иако Италијанецот водеше со 2:0 во сетови и имаше три меч-топки во четвртиот сет.

„Тоа е поинаква подлога и стил на игра, но она што го одиграа во Париз беше фантастично.“

Новак призна дека не успеал да го проследи целиот меч:

„Бев во Србија, сопругата сакаше да го гледа финалето, но јас не. Првиот дел го поминавме на ручек, а кога се вративме дома, го изгледав крајот. Навистина неверојатен меч. Големи честитки за двајцата. Еден од најдобрите мечеви што сум ги видел во животот“, изјави Ѓоковиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5u59sjldl1ka58Ztvf4

(Фото) Сред Белград уништен мурал на легендата Новак Ѓоковиќ

Спорт | пред 2 месеци

novak-dzokovic-4

Како би изгледало кога Новак Ѓоковиќ и Никола Јокиќ би играле тенис или кошарка

Свет | пред 3 месеци

IMG_0656

Новак загрижен: „Се надевам дека состојбата во Србија ќе се смири, на раб сме на граѓанска војна“

Свет | пред 4 месеци

novak-dzokovic-1

Новак конечно дозна кого би можел да добие во второто коло на US Open

Спорт | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања