Новак Ѓоковиќ даде интервју за еден од најпознатите спортски магазини во светот „Sport Illustrated“ и по тој повод откри колку долго планира да игра тенис.
Српскиот тенисер отвори многу интересни теми за растењето, исхраната, начинот на живот, но и кога планира да се пензионира.
Тоа прашање, кое претходните години беше забрането да му се поставува на Новак (поточно, во негова близина беше забрането да се зборува за тоа) сега станува се почеста појава.
Ѓоковиќ не сака да лицитира со датуми, секогаш посочува што ќе го убеди дека е време за крај. Во тој момент кога веќе нема да може да се натпреварува со останатите играчи и кога нема да биде главен или еден од главните фаворити за пехарот.
„Можеби ќе се приближи моментот кога ќе престанам да победувам на Грен слемовите и кога нема да можам да бидам меѓу главните претенденти за големи титули. Кога младите момци ќе почнат да ме клоцаат, тогаш веројатно ќе почнам да размислувам и да се прашувам дали да продолжам. Но, засега се е во ред“, изјави Ѓоковиќ.