Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Новата 2026 година започнува со силен студ и температури под нулата: ќе има ли снег?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
sneg-partizanska-koli-skopje-2022

Новогодишната ноќ ќе помине во знакот на многу ладно и суво време, под влијание на изразено студена и сува воздушна маса која ќе продре од север. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а времето ќе биде ведро, без облачност и без врнежи од снег, што значи дека ќе преовладува т.н. сув студ.

— реклама —

Температурите на воздухот за време на новогодишната ноќ насекаде во Македонија ќе бидат под нулата, и ќе се движат во интервал од -10 до -3 степени, додека на повисоките населени места и на планините постојат услови тие да се спуштат и под -10 степени.

Во Скопје и околината, за време на новогодишната ноќ, минималната температура се очекува да се спушти околу -5 до -6 степени.

— реклама —

Суво и многу ладно време ќе продолжи и на 1 јануари 2026 година (четврток), што значи дека новата година ќе започне со стабилни временски услови, без врнежи од снег, но со изразено ниски температури и присутен сув студ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryk76sierv6m1q5z6dZfR

(Видео) Нас, снегот не може да нѐ изненади, уверува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

Скопје | пред 5 дена

media-libraryjog501egeaap2ZyyQQo

(Видео) Спасувачка акција над Лазарополе: заглавени работници изгубиле и телефонски контакт, полицајци цела ноќ ги барале и извлекувале

Македонија | пред 5 дена

straza-i-gjavato

Укината забраната за камиони на патниот правец Гостивар – Кичево преку Стража

Македонија | пред 5 дена

media-libraryjjsbu6ddk8kgb7GOhvh

Денеска студено со снег, утре поларни температури

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања