Промени тема
Контакт

Новата енергија во односите со Бугарија донесе голем број на проекти и можности за соработка, вели Ковачевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
18012022_PVRSM_Kovachevski_PVRB-2

„Новата енергија и динамика на односите со Бугарија, утврдени на нашата прва средба со делегацијата на бугарската влада во Скопје и на возвратната посета на Софија за да ја одржиме заедничката седница, низ работата на првите средби на работните групи стави на масата многу проекти и можности за соработка“, рече премиерот Ковачевски во интервју за Националната радиотелевизија.

— реклама —

„Наместо комуникација која што беше сведена на обвинувања, на говор на омраза, на настапи на пропагандисти, кои не доликуваат на односите меѓу две земји, договоривме многу конкретни иницијативи во кои ќе бидат вклучени стопанските комори, бизнис заедницата за да се зголеми во економијата и во другите области. Поставени се дури и рокови, како на пример да имаме видлив напредок во изградбата на железницата на Коридорот 8 до 2027 година. Тоа е амбициозен, но остварлив план“, истакна претседателот на Владата Ковачевски во интервјуто за јавниот радиодифузен сервис.

— реклама —
— реклама —

Тој додаде дека во комбинација со патниот дел од Коридорот 8, и знаејќи дека во Северна Македонија тој се сече со Коридорот 10, се отвораат сериозни перспективи за економијата на двете земји, како и за сите други земји од регионот и заради излезот на двете мориња, Црното и Јадранското море во Албанија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања