„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Новата година кај нас астрономски ќе настапи првин во с. Ново Коњарево, а дури 4 минути подоцна во Скопје!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
ivica-milevski

Поради ротацијата на Земјата кон исток, ако се земе во предвид локалното, наместо зонското време, во Република Македонија, Нова година прво ќе настапи во општината Пехчево и тоа астрономски во 23 часот и 27 минути, пишува д-р Ивица Милевски. Професорот објаснува дека по вакво, локално или реално, односно астрономско време, прва и најисточна населба во Македонија каде настапува Нова година е с. Ново Коњарево источно од Струмица и тоа во 23 часот и 28 минути, десетина секунди подоцна во с. Двориште, Беровско, а уште толку подоцна во с. Панчарево, Пехчевско. Во Скопје, по локално време, Нова година настапува 4 минути подоцна, односно во 23 часот и 32 минути. Најдоцна, по реално време Нова година ќе настапи во с. Коњари западно од Дебар и тоа во 23 часот и 36 минути. Кога во Македонија, по зонско време во 00 часот настапува Нова година, поради разликата од околу 5-8 степени или речиси половина час во однос на зонскиот (15-ти) часовен меридијан (Македонија лежи на 20-23 степени источна географска должина), според реалното време, кај нас е веќе 00 часот и 25 (Дебарско) до 33 (Пехчевско) минути.

— реклама —

Ако сака некој да се „пофали“ дека барем 2 пати за еден ден ја дочекал Новата година, може тоа да го направи во пограничните места со Бугарија или пак ако реши да патува со авион од некоја источна земја кон Македонија или од Македонија кон Америка.

Автор: д-р Ивица Милевски

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања