Промени тема
Контакт

Новата Влада ќе стави силен фокус на економијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vlada-zname-nato

Новата Влада ќе стави силен фокус на економијата, истакна во вчерашното обраќање пред медиумите Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ и мандатар за идна Влада. Тој рече дека новата Влада ќе се насочи кон ефикасна реализација на капиталните инвестиции и финансиска поддршка на граѓаните во време на економска и енергетска криза. но ефикасна реалзаиција на програмата и капиталните инвестиции.

„Новата Влада ќе стави силен фокус на економијата, насочени сме кон остварување двојно повисоки стапки на економскиот раст и покачувањето на платите. Трудот на работникот мора да се цени и вреднува“ - рече Ковачевски по изборот на новото раководство.

— реклама —
— реклама —

Тој истакна дека согласно економските трендови и силината на кризата, ќе се моделираат и финансиските модели за поддршк ана граѓаните и стопанството со цел заштита на ранливите групи граѓани и поддршка на работниците.

— реклама —

„Финансиската поддршка за сите граѓани и за компаниите ќе продолжи и ќе се зголемува. Како што ќе се креираат мерките за интеревенција поврзани со енергетската криза, за заштита на здравјето и помош во услови на пандемија, така ќе се моделира и засилената финансиска поддршка“ - заклучи Ковачевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања