Промени тема
Контакт

Новата заменик-директорка на Зоолошка назначена од Арсовска го пофали стариот директор кој даде оставка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
Screenshot-2021-12-14-at-16.19.06

Новоназначената заменик директорка на Зоолошката градина во Скопје, Тина Мицковска, соопшти дека ја прифатила функцијата. Таа посочи дека ексдиректорот, Ѓорѓи Галетановски бил најдобриот директор кој го имала.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Ми дојде ненадејно ова што се случи денес. Благодарам на поддршката и предлог на сите здруженија за заштита на животните и понатаму да можам да придонесувам за зоолошката. Поради нив и прифатив да бидам нивен преставник во Скопје Зоо и да ја продолжиме борбата за животните. Ѓорѓи Галетановски беше најдобриот директор кој го имала Зоолошка. Заедно направивме многу успеси во изминатите три и пол години. Беше пријател со сите нас, лидер кој го цени тимот наместо класичен директор и секогаш отворен за идеи. Правевме многу хуманитарни настани, нови живеалишта, бевме на сите светски медиуми, ми помагаше во спасување на животни кога беше најтешко и направи сите да бидеме едно големо семејство. Се надевам дека ќе го продолжиме неговиот успех, секако ќе соработуваме и понатаму за доброто на животните и на зоолошката. Чоки фала ти за се што направи Одиме напред, гласот на здруженијата и активистите ќе биде и понатаму преку мене, а нов директор ќе биде нашиот колега Кико кој верувам ќе продолжи со успешно менаџирање бидејќи и досега беше дел од зоо семејството. п.с Фала ви на сите за поддршката и коментарите на социјалните мрежи, ми значи многу најмногу“, напиша Мицковска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања