Промени тема
Контакт

Нови AirPods од Apple: слушалки што „ја гледаат“ околината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Магазин
media-librarydjfru9cp9k1h73lgyAZ
Photo by Howard Bouchevereau on Unsplash

Американската компанија Apple е во завршна фаза на развој на безжични слушалки AirPods со вградени камери, кои треба да овозможат напредни функции базирани на вештачка интелигенција, објавува „Блумберг“.

Според извори запознаени со проектот, развојот на уредот веќе е во фаза во која прототипите се блиску до конечниот дизајн и функционалност.

— реклама —

Новите слушалки би користеле мали камери со ниска резолуција, кои би го „набљудувале“ просторот околу корисникот и би испраќале визуелни податоци до системот за вештачка интелигенција, вклучувајќи го и дигиталниот асистент Сири.

— реклама —

Камерите, како што се наведува, нема да служат за снимање фотографии или видеа, туку за анализа на околината во реално време.

Уредот треба да личи на следната генерација на моделот AirPods Pro, со камери поставени во двете слушалки, со што би се овозможила просторна анализа на околината.

— реклама —

Проектот првично бил планиран за порано лансирање, но бил одложен поради доцнења во развојот на подобрената верзија на Сири.

— реклама —

Apple очекува новиот производ да го прошири успехот на постојните AirPods и да ја зајакне позицијата во сегментот на уреди со интегрирана вештачка интелигенција, каде што се натпреварува со компании како OpenAI и Meta.

„Блумберг“ наведува дека Apple во последниот квартал издвоил рекордни средства за истражување и развој, над 11 милијарди долари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqg00rskfn12g9epGnMl

Apple доби тужба од 5,7 милијарди долари поради кршење на два патента

Технологија | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryqg00rskfn12g9epGnMl

Apple подготвува голема промена: iPhone 18 Pro Max би можел да добие многу поголема батерија

Технологија | пред 1 седмица

Apple-logo

Apple попушти под притисок на ЕУ: Голема промена за корисниците на iPhone

Технологија | пред 2 седмици

207-2072008_apple-brand-background

Apple денес ги претставува новите модели iPhone, во фокусот и првиот телефон на преклоп

Технологија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања