Промени тема
Контакт

Нови цени на горивата: бензините поевтинуваат за 2 денари, дизелот поскапува за 1 денар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, со која од 5 август 2026 година, од 00:01 часот, бензините ќе поевтинат, додека дизелот и екстра лесното масло ќе поскапат.

Според РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 1,24 проценти во однос на претходната одлука.

Со новата пресметка, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2 денари и ќе изнесува 91 денар за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така поевтинува за 2 денари и ќе се продава по 93 денари за литар.

— реклама —

Од друга страна, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) поскапува за 1 денар и ќе чини 99,50 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 0,50 денари, достигнувајќи цена од 98,50 денари за литар.

— реклама —

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 1,680 денари по килограм и ќе изнесува 46,419 денари за килограм.

Од РКЕ информираат дека во пресметката повторно е применет намален износ на акцизата – 2 денари по литар за бензините и 4 денари по литар за дизелот.

— реклама —

Посочуваат дека станува збор за максимални малопродажни цени, а трговците имаат можност горивата да ги продаваат и пониски цени од утврдените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Од полноќ поскапуваат горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3,5 денари

Македонија | пред 22 часа

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Од полноќ нови цени на горивата: Бензинот поскапува за 4,5 денари, а дизелот за 6,5 денари

Македонија | пред 1 седмица

IMG_8162

Од 1 август поскапува парното во Скопје, сметките повисоки во просек за 140 денари

Македонија | пред 4 седмици

benzinska-benzin-nafta-

Горивата поскапуваат од полноќ: Дизелот поскап за 4,5 денари, бензините за 3 денари

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања