Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

Нови цени на горивата: дизелот поевтинува за 4,5 денари, бензините поскапуваат за 1 денар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarysgfk5147lgugeW3ne5o
unsplash

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука за нови малопродажни цени на нафтените деривати, кои во просек се намалуваат за 1,06 проценти во однос на претходната пресметка.

— реклама —

Најголемо поевтинување има кај дизелот. Од 29 септември во 00:01 часот, максималната малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 100 денари за литар, што е за 4,50 денари помалку од досегашната цена.

Од друга страна, бензините поскапуваат за еден денар. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по максимална цена од 100 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 102 денари за литар.

— реклама —

Цената на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за три денари и ќе изнесува 111,50 денари за литар. Мазутот М-1 НС поевтинува за 0,196 денари по килограм и неговата максимална цена ќе биде 49,882 денари за килограм.

— реклама —

Според РКЕ, во последната пресметка референтните цени на светскиот пазар кај бензините бележат зголемување од 0,049 проценти, додека кај дизелот има намалување од 6,734 проценти. Кај екстра лесното масло е регистрирано намалување од 4,936 проценти, а кај мазутот од 1,630 проценти.

Во пресметката е применета и владината одлука за намалена стапка на ДДВ од 10 проценти за ЕУРОДИЗЕЛ, како и намалена акциза од четири денари за литар кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ.

РКЕ посочува дека утврдените цени се максимални, што значи дека трговците на големо и мало можат да ги продаваат нафтените деривати и по пониски цени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

benzinska-benzin-nafta-

Нема промена на цените на бензините и дизелот, поскапува мазутот

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

Грејната сезона започнува на 15 октомври

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Нови цени на горивата: бензините поскапуваат за 3,5 денари, дизелот поевтинува за 2 денари

Македонија | пред 1 месец

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Од полноќ поевтинува дизелот за 6,5 денари, бензините поскапуваат за еден денар

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања