Нови детали: Кавадарчанецот пред казино е убиен со клоци и боксови по глава, се обидел да се скрие внатре, но починал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-02-28-at-17.04.00

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за убиството пред казино во истиот град. Тие се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело „Тешка телесна повреда со смртни последици“.

— реклама —

Според обвинителството, двајца 27-годишници и еден 35-годишник на 27 август, околу 5 часот наутро, најпрво влегле во вербална расправија со жртвата во казино во Кавадарци. Набргу потоа излегле надвор, каде физички го нападнале оштетениот, удирајќи го со тупаници и клоци по телото и главата. Жртвата се обидел повторно да влезе во казиното, но изгубил свест. Од нанесените тешки повреди подоцна починал.

Нема информации за мотивот, иако се шпекулира дека стнаува збор за финансиски обврски кои ги имале убиениот со другите лица.

— реклама —

Во рамките на истражната постапка ќе бидат прибрани сите докази и ќе се изврши психијатриско вештачење на осомничените. Доколку се утврди дека постоела свест и намера да му го одземат животот на оштетениот, делото може да биде преквалификувано во убиство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени. Како причина беше наведена опасноста од бегство, а на тоа укажува и нивното однесување веднаш по нападот – наместо да се пријават во полиција, тие се повлекле во стан на еден од осомничените. Обвинителството оцени дека притворот е неопходен за непречено водење на постапката и за обезбедување на сите релевантни докази.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања