Промени тема
Контакт

Нови детали за иранскиот мировен план испратен до САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR
unsplash javad-esmaeili

Иран упатил нов мировен предлог до САД преку Пакистан, со цел завршување на конфликтот во рок од 30 дена и трансформирање на постојниот прекин на огнот во траен мир, пренесува „Ал Џезира“.

— реклама —

Според информациите, планот се состои од три фази и предвидува поширока обврска за ненапаѓање, која би се однесувала и на Израел, со цел да се спречи обновување на борбите на Блискиот Исток. Во првата фаза се предлага постепено отворање на Ормускиот теснец и укинување на американската блокада на иранските пристаништа, додека Иран би презел одговорност за отстранување на морските мини.

— реклама —

Предлогот, кој содржи 14 точки, претставува одговор на американски план од девет точки. Според полуслужбената агенција Nour News, блиска до иранските безбедносни структури, Техеран бара укинување на санкциите, прекин на поморската блокада, повлекување на американските сили од регионот и запирање на сите непријателства, вклучувајќи го и конфликтот во Либан.

— реклама —

Иако американскиот претседател Доналд Трамп претходно го отфрлил иранскиот предлог, дипломатските разговори продолжуваат, а кревкиот прекин на огнот, според извештаите, засега се одржува.

— реклама —

Во рамки на новите дипломатски напори, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи разговарал со својот колега од Оман, земја која и претходно посредувала во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 50 минути

— реклама —
media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 3 часа

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 2 дена

media-library5jebd9k05gu36kSv5dj

Криста Пајк одбила последен оброк пред неуспешната егзекуција, побарала парите да им се дадат на бездомниците

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања