Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Нови детали за несреќата во Хрватска: Синдикатот предупредувал за вагоните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
media-librarytl0sr34ti6q6fmHhWT0

Нови детали излегоа по денешното излетување на товарниот воз од шините кај железничката станица Меја, во близина на Риека, при што 11 вагони завршија во провалија. Синдикатот на машиновозачи предупредува дека исправноста на вагоните била доведена во прашање, додека компанијата-превозник тврди дека возилата ги имале сите потребни дозволи за сообраќај.

— реклама —

Претседателот на Синдикатот на машиновозачи на Хрватска, Ненад Мрган, го критикуваше превозникот „Трансагент“, тврдејќи дека синдикатот претходно предупредувал за безбедносни проблеми со вагоните. Според него, сличен инцидент со истиот превозник се случил и претходно.

— реклама —

Директорот на „Трансагент реил“, Тихомир Јандик, изјави дека локомотивата и вагоните ги поминале пропишаните проверки и имале дозволи за сообраќај низ Европската Унија. Тој смета дека проблемот може да биде поврзан со специфичностите на пругата кон Риека и сопирачките на вагоните при движење по надолнина.

Претседателот на Управата на ХЖ Инфраструктура, Дамир Лончариќ, ги повика превозниците да вршат потемелни проверки на локомотивите и вагоните. Тој посочи дека, доколку се утврди проблем со сопирачките, причината не би била во железничката инфраструктура.

— реклама —

Според првичните информации, машиновозачот пред несреќата пријавил дека сопирачките откажале и дека не може да го запре возот. Во несреќата нема повредени, а железничкиот сообраќај кај станицата Меја е прекинат. Засега не е познато кога ќе биде повторно воспоставен.

— реклама —
media-librarytl0sr34ti6q6fmHhWT0

(Видео) Товарен воз излета од шините во Хрватска, 11 вагони завршија во провалија

Товарен воз на превозникот „Трансагент“ утрово излетал од шините на влезот во железничката станица Меја во Хрватска, при што 11 вагони завршиле во провалија. Нема повредени, но е причинета голема материјална штета.Несреќата се случила денеска, во 9:25 часот. Возот се движел кон Риека и превезувал жито, соопштила „ХЖ Инфраструктура“.Според досегашните информации, машиновозачот пред излетувањето го известил диспечерот дека сопирачките откажале и дека не може да го запре возот. Набргу потоа, композ

Свет | пред 1 месец

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1kh5k1bum65p4ketiou

Хрватска испрати 153 војници во мисијата на НАТО КФОР на Косово

Балкан | пред 4 часа

— реклама —
brza-pomos-hrvatska

Тешка сообраќајка во Хрватска: Три лица загинаа во судир на два камиона и два автомобила

Балкан | пред 1 ден

media-library59psqevdq1re9EEsUT8

„Од каде да најдеме 30.000 евра?“: Младите најавуваат протест по растот на цените на становите во Загреб

Балкан | пред 2 дена

Hrvatska-policija

Верижен судир на пет автомобили во Осиек, 11 лица полесно повредени

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања