Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Нови детали за страшниот напад во белградското училиште: Насилната мајка ја претепала професорката по биологија, во полиција признала дека го завршила курсот за боречки вештини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
prvi_septemvri_nekogas_i_sega

Мајката на ученик во основното училиште „Јован Дучиќ“ во Белград која ја нападна и брутално ја претепа наставничката по биологија, во полиција признала дека завршила курс за боречки вештини, пишува Курир.

„Мајката дојде на отворената врата и ја праша наставничката по биологија зошто нејзиниот син добил 2, но тој има просек од 3. Притоа не знаела дека и оценката од првото полугодие е собрана“, вели наставничката од белградското основно училиште „Јован Дучиќ“, која со повредената колешка отишла во болница..

— реклама —

„Таа и кажа ужасни работи: „Не знаеш која сум јас, кучко, ќе ти ја ебам мајката“, вели учителката.

Потоа се заканила дека ќе оди кај директорот, што наставничката по биологија го поддржала. Меѓутоа, таа одеднаш се вратила. Ја потегнала за косата, таа паднала на подот и ја удрила главата.

„Ќе ти го убијам семејството“, извикувала арогантната мајка.

— реклама —

„Нема да работиш никаде на друго место, нема да работиш во ова училиште, ќе се сеќаваш на мене, не знаеш кој сум. Ќе ти го убијам семејството“, рече таа.

Бидејќи било одмор никој не ги слушнал повиците на нападнатата учителка за помош, па разгневената мајка продолжила да вреска и да вели: „Никој не те слуша, ќе те убијам“.

— реклама —

Дури тогаш наставничката успеала да избега, дотрчала кај полицаецот, но тој не бил таму. Вработените потоа повикале полиција, која дошла и земала изјава.

„Колешката има контузија на градниот кош, а повредени се и ногата и раката, а има и гребаници“, рекол еден од колегите на повредената наставничка која ја придружувала до болница.

Таа наведува дека сите се преплашени и згрозени од тоа што и се случило на нивната колешка.

— реклама —

Родителите на децата од споменатото училиште тврдат дека знаат која е жената која ги нападнала.

Со одлука на колективот О.Ш. „Јован Дучиќ“ денеска во тоа училиште нема да има настава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryb2dmisgrus15c6MocoO

Ги кршеле прозорците за да ги спасат заробените возачи: Храбар потег на двајца полицајци во Белград

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library0kksmju1cupu42X2CeA

(Видео) Хаос во српското Собрание: Вучиќ доби опомена, Брнабиќ му се нафрли на претседателот

Настани | пред 2 дена

media-libraryl6ntqa18h8lu1EKSHMn

(Видео) Судот во Србија ја запре постапката против девет студенти кои беа уапсени по ланскиот протест, обвинителството се откажа поради недостиг на докази

Настани | пред 2 дена

media-library1r7mvc2p3au07CvDw3l

Студенската листа го избра Чупиќ за претседател на српското Собрание

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања