Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Нови доларски банкноти со потпис на Трамп пуштени во оптек по повод 250 години од независноста на САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-librarygn8qng96chje0ycnZAn

По повод 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави, во оптек се пуштени нови банкноти на американскиот долар со потпис на претседателот Доналд Трамп, соопшти американскиот министер за финансии Скот Бесент.

— реклама —

Бесент на социјалната мрежа „Икс“ ја потврди одлуката, споделувајќи објава на претседателот Трамп со фотографија од новата банкнота од 100 долари.

„Не постои подобар начин да се одбележат историските достигнувања на нашата земја и на претседателот Доналд Џ. Трамп од американските банкноти со негов потпис. Соодветно е ова историско издание да биде претставено токму по повод 250-годишнината од основањето на државата“, напиша Бесент.

— реклама —

Според „Блумберг“, американските хартиени банкноти традиционално ги носат потписите на министерот за финансии и државниот благајник, а не на претседателот на САД.

— реклама —

Во изминатиот период, администрацијата во Вашингтон презеде повеќе чекори за истакнување на името на Трамп, меѓу кои и именување во Американскиот институт за мир, како и во управниот одбор на Центарот за сценски уметности „Џон Ф. Кенеди“, кој беше преземен на почетокот од неговиот втор мандат.

Подоцна, суд донесе одлука неговото име да биде отстрането од овој културен комплекс, додека во тек е и иницијатива Меѓународниот аеродром „Палм Бич“ во Флорида да биде преименуван во негова чест.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryccdln8fu63rlbrq3SiN

Трамп го задолжи Венс да ја истражува наводната корупција во државите управувани од демократите

Свет | пред 19 минути

— реклама —
media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп му се закани на Мексико со двојно повисоки царини ако не ги запре мигрантите

Свет | пред 1 час

media-library9vmjcgllr5aaf51lBV9

Трамп призна дека поддршката за Израел и војната придонеле за изборниот пораз на републиканците

Свет | пред 2 часа

media-libraryra71f9bmedivb1APhwU

Кој ќе го наследи Трамп во Белата куќа? Републиканците ги фаворизираат Рубио и Венс

Свет | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања