Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Нови израелски напади врз Либан и покрај примирјето, има загинати и повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryapn3sue4kmql3YvYIoX

Две лица загинаа, а уште пет се повредени во утринскиот израелски воздушен напад врз градот Аба во јужен Либан, јави либанската државна новинска агенција ННА.

— реклама —

Според извештаите, Израел во текот на денот извршил серија напади во повеќе делови од земјата.

ННА наведува дека израелски воени авиони ги гаѓале градовите Јахмар ал Шакиф и Кфар Тебнит, додека под артилериски оган биле местата Јахмар Арнун, Набатие ал Фавка и Мајфадун.

— реклама —

И покрај договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на САД, Израел и Хезболах продолжуваат со меѓусебни напади и меѓусебни обвинувања за прекршување на примирјето.

— реклама —

Израел се соочува со обвинувања дека повеќепати го прекршил договорот, при што, според извештаите, загинале цивили, а продолжило и уривањето куќи.

Израелската армија, пак, тврди дека напаѓа исклучиво позиции на Хезболах.

— реклама —

Од друга страна, либанската милитантна група Хезболах соопшти дека нејзини борци нападнале израелска воена позиција во селото Тајбех, во близина на границата, и дека наводно ги принудиле израелските сили да се повлечат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израел се заканува со нови воени операции против Иран: „Мисијата сè уште не е завршена“

Свет | пред 1 ден

netanjahu

Крај на ерата на Нетанјаху? 67 пратеници го поддржаа неговиот ривал

Свет | пред 2 дена

netanjahu

Нетанјаху го оспорува изборниот резултат во Израел, тврди дека арапските партии ги украле изборите

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања