Промени тема
Контакт

Нови ковид мерки за влез во Германија и Шпанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
skopski-aerodrom-skopje-patnici

Министерството за надворешни работи информира дека за влез во Германија, за нашите граѓани ќе се применуваат нови ковид-протоколи.

„Согласно препораките од Европската комисија, за влез во Германија, за граѓаните на Северна Македонија ќе се применуваат следните препораки. Важноста на сертификат за вакцина со две дози од призната вакцина од ЕМА/Германија ќе биде 9 месеци/270 дена, наместо досегашните 12 месеци и соодветно патниците при влез ќе треба да ја имаат предвид важноста на нивниот сертификат со цел да не им биде одбиен влез. Сертификат за вакцинација со 3 дози призната вакцина од Германија засега ќе имаат неограничена важност“, е нагласено во писменото известување.

— реклама —
— реклама —

Во Шпанија, појаснуваат од министерството, според новите правила, се прифаќаат потврдите за извршена имунизација со две дози вакцини од надлежните органи на Република Северна Македонија, доколку се поминати 14 дена од датумот на прием на втората вакцина и доколку не поминале повеќе од 270 дена од датумот на прием на втората вакцина. По истекот на рокот од 270 дена, сертификатот за имунизација издаден од надлежниот орган на земјата на потекло мора да содржи доказ за прием на трета (booster) вакцина, потенцираат од оваа институција.

— реклама —

„Шпанските власти соопштуваат дека влез со PCR или NAAT тестови ќе биде дозволен само за патници кои имаат соодветна шпанска виза или дозвола за престој во Шпанија. Сертификатите за имунизација со две вакцини кои не се признаени од СЗО и ЕМА ќе се прифаќаат само ако третата примена вакцина е признаена од страна на СЗО и ЕМА“, е наведено во соопштението од Министерството за надворешни работи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања