Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Нови ограничувања за казината: Забрана за реклами, GPS контрола на апаратите, да се оддалечат на пола километар од секое училиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarycat7vmc612dg7MldRPs

Собранието го поддржа Предлог-законот за игри на среќа, кој помина со 59 гласа „за“ и 9 гласа „против“, соопшти пратеникот Антонио Милошоски.

— реклама —

Според него, новото законско решение предвидува низа ограничувања и дополнителни механизми за контрола на приредувачите на игри на среќа.

— реклама —

„Казината нема да смеат да се наоѓаат на растојание помало од 500 метри од училиштата, се забранува рекламирање на излозите на коцкарниците, како и рекламирање со кое коцкањето се претставува како начин за личен успех“, напиша Милошоски.

Законот предвидува и секој апарат за игри на среќа задолжително да биде опремен со систем за локација (GPS), што ќе овозможи тековна контрола од страна на Управата за јавни приходи.

— реклама —

Дополнително, лиценците нема да можат да се мултиплицираат, се воведуваат нови финансиски давачки за отворање уплатно-исплатни места, а се зголемуваат и износите на банкарските гаранции.

— реклама —

Според Милошоски, во законот е вградена и препораката на MONEYVAL при Советот на Европа, со што се зајакнуваат механизмите за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања