Нови осум кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ го одржа и Извршникот комитет во Штип и одлучи да определи уште 8 кандидати за градоначалници во 8 општини.

— реклама —

„ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да му предложи на Централниот комитет.

  1. Македонски Брод - Жарко Ристески.
  2. Могила - Драганчо Саботковски
  3. Пробиштип - Тони Тоневски

4.Богданци - Марјан Пеев

  1. Демир Капија - Наталија Димитриева
  2. Росоман - Ѓорги Крстевски
  3. Новаци - Стевче Стевановски
  4. Дебарца - Златко Силјановски

Сметаме дека овие 8 кандидати за градоначалници се одговорни, исполнителни личности кои што својата активност ја докажале не само во рамките на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ туку имаат углед и во самите општини. На истите ќе им биде препорачано во следниов период, да си отворат што поголема комуникација со локалните граѓани во општините за да може да поработат директно на терен за составување на програмата која што е потребна за локални избори.

Централниот штаб ќе биде на располагање заедно со еден тим кој што ќе биде формиран за локалните избори, да им помогне за одредени проекти, кој што се од поголемо капитално значење за Македонски брод, Могила, Новаци, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Росоман и Дебарца. Цениме дека со овие 8 вечерва објавени кандидати за градоначалници и претходните 25, ВМРО-ДПМНЕ со самодоверба чекори кон локалните избори бидејќи сме единствената партија која што во моментов има обзнането имиња на 33 кандидати за градоначалници за кои што сметаме дека се на добар пат и да ја добијат довербата на граѓаните.

Оние кои што се актуелни градоначалници сметаме дека со досегашната работа, ќе имаат добар кредит да ја добијат и понатамошната доверба, а оние кои што добиваат шанса за прв пат, искуството кое што го имале претходно во своите општини и поддршката која што ќе ја имаат од своите колеги, и од нас како поголема политичка партија, цениме дека ќе им биде ветар во едра за спроведување на добра програма и реализација на добри проекти корисни за нивните општини“, рече Антонијо Милошоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања