„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Нови правила за влез во Грција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Вчера беше донесена нова, заедничка министерска одлука на грчката Влада, која се однесува на одредбите за влез на странски државјани во Грција.

— реклама —

Според оваа одлука, која ќе важи до 7 јуни годинава, завршен е списокот со услови за влез на странски државјани во Грција.

Деца постари од 5 години сè уште треба да направат ПЦР-тест. Ново е што можат да влезат и туристи од БиХ и Република Српска, што не беше случај досега.

— реклама —

Формулар, вакцина, сертификати…

Списокот со услови за влез во Грција е следен:

1) Пополнет формулар PLF

Овој формулар можете да го најдете на travel.gov.gr

2) Доказ за имунизација

Овој сертификат може да биде во форма на потврда за вакцинација со која било вакцина дадена во земјата, при што последната доза мора да биде примена најмалку 14 дена пред пристигнувањето во Грција.

Ако не сте вакцинирани, мора да имате негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа, сепак задолжителен и за деца кои имаат повеќе од пет години. Ако сте го прележале коронавирусот треба да имате потврда дека сте биле позитивни на Ковид-19 во период од 2 до 9 месеци пред пристигнувањето во Грција. Тоа се потврдува со позитивен ПЦР или антигенн тест со кој ви бил дијагностициран вирусот.

Новина во одредбата

Она што е ново е промената на забраната за влез во земјата за граѓаните на Босна и Херцеговина кои веќе влегуваат под истите услови како и оние граѓани кои претходно ја добиле таа дозвола, на пример Србија или С. Македонија.

Сепак, ништо не е променето за граѓаните на Црна Гора.

Преминот Евзони останува отворен од 7-23 часот (по грчко време).

Преминот Промахонас останува отворен цел ден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања