ВО ЖИВО

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Нови Сад, Еш и Каунас се европски престолнини на културата во 2022

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
NOVI-SAD-1080x675-1

Нови Сад во Србија, Каунас во Литванија и Еш на Алзет во Луксембург се европски престолнини на културата во 2022 година. Титулата се доделува по едногодишна пауза бидејќи пандемијата го измени календарот на нејзините носители.

— реклама —

Нови Сад е меѓу првите градови надвор од Европската Унија што ќе ја носи титулата европска престолнина на културата. Неговата целогодишна програма ќе почне на 13 јануари со „Дочек“ – уникатна уметничка прослава во Европа, која првпат ќе биде видена на овие простори. „Дочек“ ќе собере повеќе од 400 уметници од Србија и цела Европа, промовирајќи го низ уметност наследството на големите научници: Никола Тесла, Милева Мариќ Ајнштајн, Милутин Миланковиќ

— реклама —

Каунас, пак, е втор литвански град што ќе ја носи титулата европска престолнина на културата која во 2009-та ја имаше главниот град на државата, Вилнус, заедно со Линц во Австрија и норвешкиот Ставангер. Свеченото отворање на „Каунас 2022“ е закажано за 22 јануари 2022. Околу 40 фестивали, повеќе од 60 изложби и 250 сценски настани и концерти ќе опфати програмата замислена како една голема европска сцена.

— реклама —

Европска престолнина на културата во 2022 ќе биде и Еш на реката Алзет, вториот по големина град во Луксембург. Церемонијата на отворање ќе биде на 26 февруари 2022 и е насловена „Remix“.

Проектот „Европска престолнина на културата“ почна во 1985 година на иницијатива на Мелина Меркури, тогашната министерка за култура на Грција. Целта на иницијативата е да ги заштити и промовира разновидноста на културите во Европа, да го прошири пристапот и учеството во културата, да ги зајакне капацитетите на културниот сектор и да го подигне меѓународниот профил на градовите преку културата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања