Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Нови специјализираните возила за „Комунална хигиена“ и 3.300 контејнери за Скопје: Ѓорѓиевски најави засилување на јавната хигиена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Скопје
media-libraryp90v1efm4c3s2exYjhD

Специјализираните возила наменети за ЈП „Комунална хигиена“ веќе му се предадени на Градот Скопје, а во наредните денови се очекува да започнат со работа, по завршувањето на потребните правни постапки, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Тој најави дека до крајот на неделава треба да пристигне и првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, што ја опиша како најголема набавка досега.

— реклама —

Ѓорѓиевски нагласи дека подобрата јавна хигиена е важна за здравјето и квалитетот на животот на граѓаните, но и дека одржувањето на чистотата бара одговорност од сите.

— реклама —

„Нашата работа нека биде поттик за поголема грижа, а секоја чиста улица обврска таква и да остане“, порача тој.

Градоначалникот оцени дека Скопје подолг период се соочувало со проблеми во јавната хигиена и порача дека тие треба да се решаваат со конкретни активности и работа на терен.

— реклама —

„Со силна волја, макотрпна работа и заедничка одговорност, Скопје повторно ќе биде горд град“, порача Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања