Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Нови училници во Радишани: ОУ „Ацо Шопов“ доби капацитет за уште 100 ученици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-libraryipiqa6c2bmit7TqMbM5

Основното училиште „Ацо Шопов“ во скопската населба Радишани доби нов објект со четири училници и тоалети, со што неговиот капацитет е зголемен за околу 100 ученици.

— реклама —

За изградбата биле инвестирани 37 милиони денари, обезбедени преку буџетот на Министерството за образование и наука. Новиот објект го пуштија во употреба премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

— реклама —
— реклама —

Јаневска истакна дека во новите простории ќе се одвива целодневна настава за учениците од прво до трето одделение. Таа најави дека Владата ќе продолжи да го проширува едносменското работење и целодневната настава во училиштата низ Македонија.

— реклама —

Според податоците на Министерството, од вкупно 1.023 училишни објекти во земјата, повеќе од 620 веќе работат во една смена, а во тек се 20 проекти за проширување на училишните капацитети во повеќе општини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања