Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Нови ужаси во Газа, израел бомбардираше детска болница! „Пукаат во се што се движи“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
gaza-evaakuacija

Израелските сили преку ноќ ја нападнале детската болница Ал-Рантиси во Појасот Газа, што доведе до евакуација на околу 40 хоспитализирани пациенти, соопштија од канцеларијата за медиуми на владата на Хамас. Комплексот бил цел на три одделни напади за краток временски период.

— реклама —

„Овој злостор го потврдува систематското настојување на окупаторот да го блокира здравствениот систем“, стои во соопштението.

— реклама —

Ал-Рантиси е единствената специјализирана болница во Газа која обезбедува онкологија, дијализа и други специфични услуги, вклучувајќи третман на пациенти со респираторни и дигестивни заболувања. Според властите, таму се згрижени 80 пациенти, како и четири интензивни единици за возрасни и осум неонатални оддели со интензивна нега.

— реклама —

Градот Газа е претворен во сцена на апокалипса. Додека израелската армија ги проширува своите копнени операции, министерот за одбрана Израел Кац отворено се закани дека ќе го уништи градот до темел. Она што некогаш претставуваше срце на палестинската енклава денес изгледа како море од урнатини, чад и крици на луѓе заробени под бетонските блокови.

More than 200,000 Palestinians displaced from Gaza City amid escalating Israeli air strikes and humanitarian crises in besieged areas — in pictures https://t.co/uH1p22Ln61 pic.twitter.com/PMcmVIBHs8

— Al Jazeera English (@AJEnglish) September 11, 2025

Иако армијата објави дека отворила привремена рута за евакуација преку улицата Салах ал-Дин, жителите тврдат дека станува збор за измама.

„Никој не може да мине. Се пука во сè што се движи“, велат очајни жители. „Гранатирањето е постојано, а опасноста расте од час во час.“

Стотици илјади луѓе се принудно раселени од градот Газа додека Израел ја продолжува офанзивата што поголемиот дел од светот ја осудува како геноцидна. Фотографии од патиштата кон југ ја отсликуваат голготата на Палестинците и страдањето што им се наметнува од Израел и неговите сојузници.

Нападите врз станбени објекти, училишта и болници не запираат. Според болнички извори за „Ал Џезира“, утрово во Појасот Газа загинале најмалку 12 лица, од кои седум во градот Газа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања