Промени тема
Контакт

Новинар на Алсат-М ја искина новинарската легитимација од Владата затоа што е напишана на македонски јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Новинарот на Алсат-М, Адријан Керими, ја искина новинарската легитимација одРепублика Македонија, со која може да присуствува на настани во владата, само заради тоа што е напишана само на македонски јазик. Причина за тоа е дека таа не е напишана на албански јазик.

-Таква лична карта не прифаќам! Се додека не го почитувате мојот мајчин јазик и не ги почитувате меѓународните правила за медиумите. Не зборувајте за слободата на медиумите, доколку не ги почитувате правата на новинарите, напиша новинарот на својот профил на „Фејсбук“.

Реагираше и Алсат-М.

— реклама —

Еднојазичните и непрактични акредитации, според оваа телевизија, отсега ќе бидат единствената дозвола на медиумските работници за да влезат во Влада, министерства и другите институции на централна власт.

— реклама —

Запрашани зошто овие документи за легитимирање не се преведени на албански за новинарите и вработените Албанци во медиуми на албански јазик, од Владата само изјавија дека се работи за процес кој ќе се смени и подобри, објави телевизијата.

Владата подолго време функционираше без да бара акредитација за медиумите кои ги следат настаните во оваа институција. Сепак, пред неколку години, новинарите и вработените во медиумите имаа документ за легитимирање на нивните активности. Барем зборот „прес“ што значи медиум, се пишуваше на англиски јазик и коректно. Акредитациите на Владата никогаш не беа преведени на албански за новинарите Албанци, велат од Алсат-М.

— реклама —

Последните публикации преведени на албански датираат од пред неколку месеци додека соопштенијата на адресата на медиумите на албански јазик ретко стигнуваат и на тој јазик. Законот за употреба на јазиците кој се очекува законски да ги обврзе институциите да го употребуваат и албанскиот јазик при службените и јавните комуникации, сè уште не влезен во сила и целосно е заборавен, констатира Алсат-М.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања