Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Новинар на Би-Би-Си ја опиша драмата во Вашингтон: „Обезбедувањето беше опуштено“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryfb6epppss1pu9k9lLTy
screenshot x

Главниот дописник на Би-Би-Си за Северна Америка, Гери О'Донохју, се наоѓал во свечената сала на хотелот Washington Hilton во моментот кога започнало пукањето за време на гала-вечерата на која присуствувал американскиот претседател Доналд Трамп.

— реклама —

Тој изјавил дека штотуку завршил со вечерата кога слушнал бучава од влезот на салата, а потоа и истрели од полуавтоматско оружје.

„Клечев под чаршавот, свесен дека повторно сум среде пукање на настан на кој присуствува претседателот“, рекол О'Донохју, потсетувајќи дека известувал и од митингот во Батлер, Пенсилванија, каде Трамп летото преживеа обид за атентат.

— реклама —

Според него, паниката овојпат била уште побрза, а гостите за неколку секунди се сокриле под масите. Колеги му раскажале дека десетици луѓе од ходникот втрчале во салата бегајќи од пукањето.

— реклама —

О'Донохју навел дека околу десет минути останале сокриени, стравувајќи дека напаѓачот ќе влезе во салата полна со илјадници гости.

Тој додал дека агенти на Тајната служба на САД веднаш ги извлекле Трамп, првата дама Меланија Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс од бината, додека други агенти со шлемови и панцири барале дополнителни закани.

— реклама —

Новинарот ја критикувал и безбедносната проверка пред почетокот на настанот, оценувајќи дека обезбедувањето било „необично опуштено“, како да не станува збор за настан со актуелен претседател. Според него, проверката со детектор за метал била површна и без детална контрола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydgdlficm01r1dRIgsqV

(Видео) Трамп не ја исклучува воената интервенција на Куба: „Сакам да го решам прашањето пред да заминам“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп го повлече Џеј Ди Венс од преговорите со Иран по неговите критики за војната

Свет | пред 1 ден

media-libraryccdln8fu63rlbrq3SiN

Трамп го задолжи Венс да ја истражува наводната корупција во државите управувани од демократите

Свет | пред 1 ден

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп му се закани на Мексико со двојно повисоки царини ако не ги запре мигрантите

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања