Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Новинарите од ТВ21: Проблемот кој се јави е дека бевме известени дека е донесена забрана за летање на било каков дрон на територија на Скопје, Штип и Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-03-18-at-23.56.13

„За време на известувањето во живо, користевме и дрон, каде што снимаше постојано додека одеше информативната емисија на ТВ21. Накратко потоа, бевме посетени од МВР, и се распрашуваа прво за дронот, нѐ идентификуваа, ни ги земаа сите потребни документи, па заминаа. Потоа се вратија и рекоа да дојдеме на информативен разговор. Не сме ни приведени, ни уапсени, туку повикани на разговор. Дали е тоа во ред или не - не можам да коментирам. Во станицата бевме јас Ерол Шаќири како главен и одговорен уредник и Јовица Пауновски како уредник на вестите“, рече Шаќири.

Пауновски објасни дека 2-3 години, телевизијата користи дрон за да пренесе сѐ што е јавен интерес.

— реклама —

„Проблемот кој се јави е дека бевме известени дека е донесена забрана за летање на било каков дрон на територија на Скопје, Штип и Кочани. Посочивме дека станува збор и за забрана за локациите Штип и Кочани. Тие ни рекоа дека соопштението ќе биде ажурирано. Користевме дрон кој е под 249 грама, кои со последните измени на Законот кои биле донесени во јануари, тие законски параметри биле симнати и дрон може да се лета без посебна најава и дозвола, како што ни беше соопштено, само со 200 грама“, рече Пауновски.

— реклама —

Тие рекоа дека Законот не е ажуриран на страницата.

„Колегите од Ројтерс рекоа дека летале во воена зона, и никогаш не се соочиле со ваков проблем“, додаде Пауновски.

Тие посочија дека од МВР и АНБ имале професионален однос.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања