Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Новинарот Адеми: Премиере, станувате причина за бројни закани од македонски граѓани што ги добивам преку СМС-пораки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarynlcp6psb5dq26wEHbSn

Новинарот Невриј Адеми ги отфрли обвинувањата дека со заканувачки или навредлив тон ѝ се обратил на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на настан во Тетово, кога ѝ упати зборовите: „Ти кажавме кога ќе доаѓаш во Тетово да земеш преведувач“.

Во објава на Фејсбук, адресирана до премиерот Христијан Мицкоски, Адеми нагласува дека обвинувањата се обид да се одвлече вниманието од суштинскиот проблем – непочитувањето на правото на комуникација на мајчиниот јазик. „Неприфатливо е јавна функција, избрана со гласови и платена од даноците на граѓаните, да ја избегнува одговорноста да комуницира на јазикот на секој граѓанин на оваа земја“, пишува Адеми.

— реклама —
— реклама —

Тој додава дека неговото барање е едноставно и фер – почитување на албанскиот јазик, и дека обидите да биде дискредитиран само покажуваат недостаток на волја за еднаквост и институционално почитување. „Нема да замолчам пред неправдата и нема да се повлечам од своето барање за еднакви права“, истакнува Адеми.

Новинарот дополнително го повикува премиерот Мицкоски да преземе одговорност, наведувајќи дека заканите што ги добива преку СМС-пораки од македонски граѓани се последица на институционалниот однос.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања