Новинарот Душко Арсовски е нов портпарол на Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
arosvski

Новинарот и уредник Душко Арсовски е именуван за нов портпарол на Владата, соопштија од владината прес-служба. Тој е назначен на денешната владина седница, а покрај него портпарол останува и Муамед Хоџа.

— реклама —

Арсовски е новинар со дводецениско работно искуство, а на јавноста ѝ е познат лице од Македонската радио-телевизија (МРТ), каде што од 2012 работи како уредник на надворешна политика, на централниот „Дневник“, а во еден период и заменик главен уредник на информативната програма.

„Претходно работел како новинар/продуцент и шеф на дописништвото на Би-би-си на македонски во Скопје. Две години бил уредник и водител на вестите на ТВ Алфа како дел од тимот којшто ја основаше телевизијата. Кариерата ја започнал во Македонското радио, во програмата за деца, во 1998 година. Подоцна преминал во скопската телевизија Скај нет и во Македонската телевизија каде што работел како новинар за надворешна политика, а подоцна и уредник на Дневникот“, соопштија од Владата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања