Новинарот Бранко Героски подолг период пишува дека добива заканувачки пораки поради текстовите кои ги објавува. Една таква објави синоќа и напиша: Утрово точно во 9.15 часот ќе дојдам во седиштето на СДСМ. Ве молам да го обезбедите присуството на овој господин и на сите што се неопходни за моето најавено "бањање во Вардар".
Еве ја објавата од Героски, но и пораката која ја добил:
Претседателе на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во 22.14 часот ја добив оваа заканувачка порака од извесен Борче Гиноски, кој за себе вели дека работи во обезбедувањето на СДСМ.
Дали Вашата партија, премиере, почна да се служи со вакви методи? Дали ја одобрувате оваа отворена закана? Дали ќе преземете нешто?
Утре изутрина точно во 9.15 часот ќе дојдам во седиштето на СДСМ. Ве молам да го обезбедите присуството на овој господин и на сите што се неопходни за моето најавено "бањање во Вардар".
Колеги новинари, претставници на ЗНМ и на другите новинарски здруженија, ве поканувам во ова време да бидете присутни на настанот во седиштето на СДСМ на улица Бихаќка.
ПС. Ако не барам премногу од вас, драги пријатели, ве молам споделувајте го овој пост.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2239172859537730&set=a.444632805658420&type=3&theater